CSS Template

Преку Еразмус+ ученици од ООУ “Гоце Делчев“, здружени со свои врсници, учат за користење на обновливите енергии.

457

Здружени, за заштита на животната средина, ученици од ООУ „Гоце Делчев„  преку програмaта Еразмус + , учат за заштита на животната средина , преку проекот „Енергијата и секојдневната употреба“, со ученици  од Латвија, Данска, Италија и Турција .Тие заедно, се обидуваат да ја подигнат свеста за значењето од користење на обновливи извори на енергија, како алтернатива за почиста животна средина.

Координаторот на проектот, наставникот при ООУ „Гоце Делчев“,  Билјана Ѓорѓиоска, тврди дека учениците стануваат се посвесни за важноста за користење на обновливата енергија, но применливоста е мала кај нас. Како најголема закана за животната средина , учениците од овој проект, сметатаат дека се аерозагадувањето и загадувањето на водите.

Проектот „Енергијата и секојдневната употреба„ вклучува пет училишта од пет држави. Главна цел е да се подигне свеста на учениците за прифаќањето на алтернативната енергија , ветар, вода, сонце, кои не ја загадуваат животната средина, како замена за другите извори енергија, нафта, нафтени деривати и сл.. Целта е, да се поттикне и другата страна на екологијата –  да се биде здрав! Но, и да се спречи дискриминацијата меѓу учениците преку ваков на дружење и социјализација .Ова е четврта средба, која се одржува меѓу групите. Учениците направија заеднички истражувања и констатираа дека нашата држава е богата со сончеви периоди кои можат да се користат како извор на енергија.

Денис Киркенс, директор на основно училиште од Латвија, носители на проектот,  нагласи дека генерално во сите држави, проблемот со аерозагадувањето и загадувањето на почвата, се сериозни проблеми. Но, токму ваквите проекти создаваат можност учениците, односно децата од мали нозе, да осознаат како да ја зачуваат животна средина во кој живеат и работат,  што е и основната цел на проектот.

„Како и секоја држава, така и Македонија, се обидува да ја подигне свеста, пред се кај учениците, односно населението, за животната средина и за користење на енергија од обновливите извори. Од ова што го видовме од колегите и од досегашното искуство на учениците,  заклучок е  дека треба да и се даде приоритет на животната средина. Но, и во Македонија, како и во сите други земји – учеснички, се прави обид да се  постигнат подобри резултати на ова поле, особено во заштита на почвата и земјоделијето, бидејќи индустријата е поврзана со земјоделството.“

Инаку, 28 ученици гости и 20 учесници од ООУ „Гоце Делчев“ учесници во проектот  ги пренесоа своите погледи за здрава животна средина и имаа средба со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на кого му го презентира нивниот проект и идеји за зачувување на животната средина.Тие ја посетија и пречистителната станица во Прилеп.

Проектот на Еразмоус+  „Енергијата и секојдневната употреба учениците од ООУ „Гоце Делчев“ го започна минатата година и ќе заврши, август оваа година, со надеж дека ќе придонесе за поголема грижа кон животната средина

 


Vivafarm