ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преродба: „Бадник се слави со посна трпеза и со многу радост во очекување на раѓањето на Спасителот“

Здружението Преродба во негување на традицијата за Бадник

873

Во духот на традиција, Здрижението „Преродба“ – Прилеп,  традиционално оваа година веќе во поголем број, го одбележаа Бадник, ден пред раѓањето на синот Божји, Исус Христос, последен ден од Божиќните пости. Подготвија посна трпеза,  со многу слатки,  посни јадења: гравче, сарма, овошје, костени, ореви, бадеми, локум,  месени посни пити, беа дел од богата трпезата на Здружението „Преродба“.

„Ние од нашето постоење ја негуваме бадниковата трпеза и Бадник, со пауза, само за време на пандемијата. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, кога будно се дочекува раѓањето на Христос. Секое православно семејство во своите домови  украсени со бадникови гранчиња симболично ја очекува веста за раѓањето на Исус Христос. А,кога ќе дојде големиот празник Божик, христијаните ќе си честитаме со зборовите„Христос се роди- навистина се роди“!- вели претседателот на Здружението, Лилјана Ѓорѓиоска.

„Утрото започнува со Коледарчињата„-  вели Лилјана Ацеска од здружението пренесувајќи ја традицијата од другиот ден ….

 

 

Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти  јануари секоја година, а Божик на 7-ми  јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста на семејството кое будно го чека Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден. Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, и од тоа се таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

 

Посна трпеза

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството. Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ.

Се вели пред Бадник и Божиќ, кади и да си – дома да си!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: