ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп доби уште една детска градинка

567

Во ООУ „Рампо Левката“ денеска, во присуство на градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, претседателот на Совет на општината Миле Талевск и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, беше пуштена во употреба новата детска градинка. Станува збор за нова, модерна установа, сместена во адаптираните простории во ООУ „Рампо Левката“, во која ќе бидат згрижени околу 100 деца од предучилишна возраст, за кои ќе се грижат 12 нововработени стручни лица.
„ Идните основци кои ќе почнат да одат на училиште, овде ќе се социјализираат и ќе бидат спремни за на училиште. Години наназад недостигот на градинки, особено последниве десетина години, е огромен изјави градоначалникот Јованоски на денешното предавање на новата детска градинка. “


Интересот за сместување во предшколските установи во Прилеп и натаму е голем, со оглед на недоволниот капацитет, зашто на ред чекаат уште 400 деца. Ова е причината поради која локалната самоуправа работи на изнаоѓање начини за изградба на нови градинки и адаптирање на постоечки простор. Во тек е постапка за изработка на проектна документација за изградба на градинка во населбата „Точила“, а се вршат подготовки за отворање на уште една во Тутунски Комбинат. Исто така, градоначалникот најави дека кај две компании од градот постои интерес за отворање две градинки, пред се’, за потребите на нивните вработени, што ќе придонесе за ублажување на проблемот.
Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, рече дека опфатот на деца во детските градинки во нашата држава е низок и дека децата на возраст од 0 до 6 години опфатени се само со 29%, а нешто поголем, 35%, изнесува опфатот на деца од 3 до 6 годишна возраст.
„ Руралните средини, одредени региони, има општини каде нема ниту еден објект и тоа е така затоа што не сме се грижеле овој капацитет да стане реалност. Токму тоа го правиме – општините аплицираат, очекуваме дека за 50% ќе го зголемиме бројот на деца во градинките“, изјави Царовска.
Во општина Прилеп функционираат 11 градинки, од кои 6 се во градот, 5 во населените места, во кои се згрижени вкупно 1.200 деца. Во ЈОУ за деца Детска градинка „Наша иднина“, вработени се 146 лица. Орце Тодороски, в.д. директор на ЈОУ за деца Детска градинка „Наша иднина“, рече дека во употреба се предава една од најсовремените градинки не само во Прилеп, туку и во Република Македонија. Во градинката ќе бидат згрижени околу 100 деца, со што бројот на незапишани деца ќе се намали од 500 на 400.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: