CSS Template

Прилеп домаќин на шаховскиот камп за млади-за популаризација на оваа игра

279

Прилеп е домаќин на четиридневната конференција на млади шахисти од Република Македонија. Домаќин на шаховскиот камп е шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Прилеп,  чии тренер е прилепскиот шаховски Велемајстор, Звонко Станојоски . Кампот е во организација на шаховските пет екипи  на „Алкалоид “ и на него учествуваат  млади  од Македонија ,главно,шаховски прваци во својата категорија , на возраст од 8 –ум до 18-ет  години.

„Целата на кампањата е шахот  да заживее  кај младите и оваа  игра што повеќе биде присутна во нивниот начин на живеење. Прилеп е еден од градовите каде се оганизра оваа кампања и се надеваме дека и во другите градови ќе ги поттикниме, со цел да иницираме оваа игра да биде што поприсутна кај младите и во медиумите  – истакна велемајсторот, долгогодишната „прва шаховса табла“ на македонската репрезентација, Трајко Недев од шаховскиот клуб „Алкалоид“- Неготино

На шаховскиот камп за млади во Прилеп, учествува 11 млади шахисти, прваци на Македонија, кои биле дел и од европски и светски натпреварувања

Прилепскиот млад шахист , Матеј Звездакоски, од шаховкиот клуб „Алкалоид“ –Прилеп им препорача на  на своите врсници  да им се придружат во клубот „Ова е интересна игра со многу предизвици“-рече тој.

Држаниот првак во шах до 14 години, Христијан Велковски од шаховскиот клуб Алкалоид-Скопје вели од пет години игра шах.Тој ја нагласи можноста што шахот им ја нуди на младите, и изјави „Јас сакам да станам светки првак“

Кампот го поддржа градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

 

 

 


semm
Penata
Farma Dolneni
Vivafarm