ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп ги загуби трите бода од Пролет и не го искористи домашниот терен за победа

279

Ракометарите на Прилеп  забележаа уште еден пораз во суперлигашкиот плеј-аут, откако загубија на домашене терен од екипата на Пролет ( 20-24).

Пролет постигнаа три гола во серија за 3-7 и најава дека во Прилеп се дојдени по победа. Разликата од четири погодоци гостите ја одржуваа до финишот на полувремето. На пауза се замина со 12-14, но потоа повторно ракометарите на Пролет тргнаа во офанзива.  Пролет поведе со 13-16 на стартот на вториот дел, а по серија промашувања и голмански одбрани на двете страни, Прилеп намали на минус еден, 17-18. Но, при секој обид да се изедначи резултатот во последните 10 минути од натпреварот, и покрај одличните одбрани на прилепскиот голман Цинцадзе, ракометарите на Горан Кузманоски не успеаа да реализираат и да  постигнат гол и на крај госите ги понесоа бодовите во Скопје .

Во  состав на РК Прилеп најдобар стрелец беше Давор Шокоски со седум гола ,а кај гостите се истакнаа Мартин Димов со седум и Иван Џонов со пет погодоци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: