ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп го одбележува Денот на независноста

613

Денот на независноста, јубилејот – 30 години независност на суверена и самостојна Македонија, денеска одбележан во Прилеп. По тој повод, делегации од локалната самоуправа, на Сојузот на борците, од институции и на политички партии се поклонија и положија свежи цвеќиња пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп и пред Могилата на непобедените во паркот на Револуцијата.

– 8 септември е најсветол датум во поновата македонска историја и е аманет за новите генерации. Нема посветол и позначаен датум од денешниот во поновата македонска историја, од 8-ми септември, 30 години независност на Македонија. Поминавме 30 години во искушенија, предизвици. Мислам дека сме на вистинскиот пат, тоа е вековниот стремеж на нашите предци и на поранешните генерации: на илинденците, на хероите и борците од НОБ. Мора да покажеме дека она што го имаме добиено како независност пред 30 години, треба да го оправдаме со нашето однесување, со нашата работа, со желбата за успех на нашата држава. На идните генерации треба да им оставиме аманет да го чуваат стекнатото од славните предци и да ја чуваат да ја сакаат и да ја бранат татковината, рече градоначалник Илија Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: