CSS Template

Прилепчанец заболен од КОВИД 19 јавно го откри својот идентитет за да спаси други луѓе

725

Самосвеста на овој голем човек може да спаси најмалку 10 тина луѓе од пандемијата која го зафати и Прилеп. Прилепчанецот Рубин Лефтер, вчера , на својaта Facebook страна, јавно откри дека е заболен од  КОВИД 19 ,со единствена цел да спаси други луѓе од можна зараза од коронавирусот. Работел во Основното Јавно обвинителство во Основниот суд – Прилеп. На работа бил до 17 март. На 18-ти заминал во самоизолација со неговото семејство.Тврди дека коронавирусот го добил работејќи на својата работна позиција, при контакт со вработените од Основното Јавно обвинителство.

„Prijateli, pred nekolku casa mi e soopsteno deka sum pozitiven na Korona virusot , momentalno sum hospitaliziran vo Prilepskata bolnica. Site so koi imav kontakt se izvesteni od moja strana , no sakam da gi izvestam i ostanatite koi rabotat vo Osnovno Javno Obvinitelstvo vo Prilep i Osnoven sud vo Prilep, koi imale kontakt so mene, dokolku pocustuvaat bilo kakvi simptomi da se javat vo Centarot za Javno zdravje. Virusot go dobiv na rabota, pri kontakt so vrabotenite vo Osnovno Javno Obvinitelstvo vo Prilep. Vo periodot od 11 do 17 mart bev na rabotnoto mesto , od 18 mart se naogam vo samoizolacija kako i moeto semejstvo.„-напиша Рубин Лефтер

За неговата искреност и самосвесност , тој доби (и добива) огромна поддршка од своите сограѓани на facebook.   Сите му посакаат брзо оздравување, (што е човечно и нормално, кога некој ќе заболи од која и да било боелст)

Не го жигосаа, ниту го стигматизираа или сатанизира неговото семејство , ниту се применети изрази на навреда, закани и непочитување. Напротив, на неговиот facebook профил , сите, (верувам и многумина кои лично не го познаваат),  му посакуваат брзо оздравување. Во коментарите луѓето сочуствително и искрено се молат,  Господ да му помогне, зашто ваки луѓе ретко може да се пронајдат , самосвесни, големочовечни, искрени,  одговорни кон себе и кон другите , во моменти кога нема што да се крие. Во објаснувањата помага дури и неговата сопрута , која им објаснува на оние кои прашуваат и се во изолација или самоизолација , дека вирусот,  Рубин го окрил на 13-от ден од контактот со заразеното лица .

И,често е прашањето до здрвствените работници, за соопштување на идентитетот на новоозаболените со цел да нема шпекулации во информирањето, а и граѓаните да знаат дали стапиле , евентуално, во контакт со заболеното лице. Но, новинарите на ова прашање никогаш не добиле одговор.

Не отркивањето на идентитетот на пациент, заболен од некоја болест е основно човеково право, кое здравството и здравствените работници го почитуваат и го применуваат. Но,  тоа треба да важи во “нормални “услови.  Во вонредни услови, како што се овие,  чинам треба, да се почитува и  правото на граѓаните, на останатите лицата незаболени лица,  кои по некоја случајност можеби стапиле во контакт со заболеното лице, чии идентитет се крие. Што е со нивното право за зачувување на сопственото здравје?!  Нели е важно здравјето на секој поединец?!  Нели е важна искреноста?! Нели,сега, се променуваме за да се почитуваме меѓусебно, за да ја вратиме довербат едни кон други, за да си помогнеме себе си и на другите ?!Нели?!

Како и да е Ваше размилување,мое е , потегот на Лефтер е за поздравување , потег кој, можеби, треба да го направи секој еден кој има Ковид 19 за да се стопира ширењето на коронавирусот,  бидјеќи болеста никој не ја посакува,  а на секому може да му се случи!

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm