ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани го одбележаа празникот Преображение Господово

410

Православните верници рано утрово го започнаа празнувањето на празникот Преображение на Господ Исус Христос со служење на архијерејска литургија во храмовите. Црква „Св. Преображение“   чинот на водосветот, прережување на славските погачи и осветување на грозјето го изврши митрополитот преспанско – пелагониси г. Петар, со свештеници од прилепското архијерејско намесништво.

Традиционалниот црковно-народен собир кој се организираше во дворот на црквата годинава е откажан заради пандемијата предизвикана од Ковид 19 , а кумовите кои беа избрани за оваа година ќе останат за наредната 2021 година.

Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: