ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепска фудбалска гордост-вреди да се забележи

1.430

Има само 17 години и веќе неколку години го носи националнот дрес со повеќе фудбалски селекции.

Прилепската фудбалска надеж, Марио Наумоски со својот талент, фудбалски квалитети, одговорност, посветеност и спортска дисциплина ја доби и доверата кај селекторот Добринко Илиевски,  но и кај своите соиграчи, да ја носи капитенската трака на фудбалската репрезентацијата на Македонија за У-19,  на двата пријателски меча,  кои неделава се одигра на стадионот ,,Хакија Мршо,, во Вогошча и стадионот ,,Младост,, во Добој, со репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Младиот фудбалер на ФК „Победа, Марио Наумоски со ова само потврдува дека Прилеп од секогаш имал фудбалски таленти и бил фудбалски расадник, а школата на ФК Победа, пример како треба да се гради еден млад спортист.

„Од шест годишна возраст започнав да тренирам фудбал,најпрвин во школата на мојот татко “ФК Тони“ (Тони Наумоски, некогешен фудбалер на ФК Победа ). Продолжив да гоиграми учам фудбалот во ФК „Козуф“, под водство на тренерот Раде Цицимиловиќ и таа година станавме прваци на Македонија во младинска катеорија. Тоа беше мојот прв клубски трофеј. Се вклучив во фудбалската Академијата на ФФМ, па продолжив да тренирам во ФК Металург-  Скопје и таа година станавме прваци во младинските категории , по  што тоа беше мојот втор клубски трофеј. Но,мојата желба секогаш била да играм за мојот град и мојот клуб ФК “Победа“, да станам првотимец и повеќе да придонесувам во клубското натпреварување.“- вели  Марио Наумоски, откривајќи ни дел од својата фудбалска кариера.

Денеска тој  е член на ФК Победа и е гордост на клубот! За него, неговите соограчи ќе кажат само пофални зборови, за ангажираноста, колегијалноста, дисциплираноста, што е белег и одраз на квалитетен спортист. Неговиот раскошен талент не остана незабележан ниту во еден момент ни од македонските селектори

„Имам 30 настапи за македонската фудбалска репрезентација. Сум настапувал за репрезентациите  на У15, У-16 ,У-17,  а сега сум член на репрезентација У-19, чии селекторот е Добринко Илиевски . Секој настап во репрезентативниот дрес носи само по себе голема мотивација, зато што ја преставува својата нација, што е чест и гордост на секој спортист, па уште повеќе кога ти ја довериле капитенската трака, што говори дека покрај гордоста потребана е и голема одговорност. Бев навистина среќен и почестен што ја имав таа можност, капитенската жолта лента да го краси мојот национален дрес„-  Марио Наумоски

 

Велат ништо не е случајно, па ни оваа спортска у сепшна приказна, иако се се постигнува со работа и голем труд ,а мал дел е талент!
Марио Наумоски потекнува од спортско семејство кое го сака и негува спортот. Тони Наумоски, неговиот татко , беше долгогодишен фудбалер на ФК Победа и на други клубови  во Македонија и надовор од неа, а неговата мајка, Гордна Наумоска, ракометарка на некогашната „силна“ женска екипа на Тун-ком. Неговиот постар брат, Јорданчо Наумоски,  репрезентативец со голем фудбалски потенцијал, е активен фудбалски првотимец на ФК “Победа“.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: