ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепската опозиција праша „зошто во Прилеп не се врши масовната имунизација?!“

1.051

Со конкретен предлог, но задоцнето, (бидејќи, веќе власта соопшти на предходен прес) ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп денеска излезе на прес конференција, барајќи имунизацијата на прилепчани да се врши во Прилеп. Советникот при Советот на општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ и претседател на Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ- Прилеп, Ирена Стерјовска посочи дека Прилеп е заборавен од власите кога е во прашање имунизацијата на граѓаните.

„Прилеп продолжува да биде заборавен од власта. Иако во другите градови започна масовната имунизација, Прилеп е оставен без пункт за вакцинација. Нашиот град кој туркаше црни рекорди, по број на заразени, број на починати, централната власт повторно го остави на маргините. За нив не е значаен, иако покрива голем регион со повеќе од 110.000 жители, за жал непредвидено да биде регионален центар за имунизација. Власта по којзнае кој пат ја покажа својата негрижа за градот. Дали властите се свесни на какви се’ трошоци го изложуваат населението кое мора да патува во друг град? Малку ли народот потроши пари за прескапи витамини и лекови во борба со оваа пандемија за накрај да се изложува на дополнителни трошоци? Дали некој размисли за можноста најстарите лица да патуваат надвор од Прилеп за да се вакцинираат и кој ризик претставува тоа по нивниот живот и здравје? Срамно е, обучениот кадар да врши имунизација во Битола, кога имаме можности да се оспособи сала, една од многуте што ги изгради ВМРО-ДПМНЕ, и да се врши имунизација. Животот и здравјето на нашите сограѓани е поважно од се. Очигледно власта нема сенс за тоа што е важно за граѓаните и си играат мајтап со нив. Време е граѓаните да увидат колку е неспособна власта и на следните избори да и кажат НЕ“- истакна Иена Стерјовска Локвенец, на денешната прес конференција,одржана пред Здравствениот дом Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе