ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепски улици од 21 век

402

Улицата „Киро Нацески Фетак„ е во централното градско подрачје во Прилеп, во населбата “Бончејца” .Улицата, велат жителите беше раскопана со реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа, и до ден денес, повеќе од 5 години, стои раскопана, не асфалтирена и руинирана. „Ги искршивме автомобилите поминувајќи низ неа .Кој нам ќе ни ја надокнади штетата?Зарем ова е улица од 21 век?! „ се жалаат жителите кои живеат на оваа улица, тврдејќи дека општинските власти никако да го чујат нивниот проблем.

Ништо подобро не е и на улицата „Пане Талески„ во нас.Тризла .Деновиве возач на автомобил, поради оваа состојба на улицата го скршил предното тркало од својот автомобил. „Сега автомобилот е оставен на улица„ велат жителите.

                          

Со месеци имаме големи дупки. Замислете само кога ќе заврне .Купишта камења се слеваат, а водата ја носи калта пред нашите порти. Се јавуваме во општината по неколку пати на ден за помош. Го замолуваме градоначалникот Борче Јовчески лично да дојди и да јави  види улицата„– моли Цена Ристевска

Нема ниту една улица асфалтирана! Ни една!Дупка до дупак:! „Мирче Ацев„ Ул. „,Александар Македонски„ ,Ул “Димо Наредниот“  пред стокованта куќа 4 Јули…сегде ударни дупки. Но,нНе крпење! Не налбатска работа! Нов асфалт„ ,бара Илија Тренкоски

Улицата “Бидимаш“ е катастрофа!„-додава Гордана Цуцулоска

Да се направат тротоарите по улица ” Борка Талески” затоа што е голем неред„ посочува Ирена Јорданоска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Да се воведи ред во сообраќајниот хаос во Стара чаршија и да се направат ископаноте влезови, да се асфалтира паркингот кај Новата катна гаража,се загушивне од прашина – проверете„- посочува Ирина

Ова се само дел од комуналните проблеми кои ги тиштат граѓаните на Прилеп , кои бараат од локалната власт да делува .

Ова се дел од ставовите и барањата на граѓаните на прашањето:Кој комунален проблем треба прво да се реши?

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: