ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепскиот боксерски клуб „Ас“ реди успеси

843

Во спортската сала Боро Чурлевски во Битола, во организација на БК „Пелистер 2007 “, викендов се одржа третото коло од Бокс лигата на Македонија.

Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп под водство на тренерот Ѓорѓи Чатлески и секундантот Никола Василески настапи со 4 боксери – Дамјан Талимче, Леонардо Ангелески, Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

По правилата на БФМ на ждрепка на право за настап имаа само Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

Нашиот боксер Мартин Алексоски издвојува победа со ТКО во првата рунда против Ертан Али од БК Тернипе Скопје, а Ерѓун Бајрамоски со убедлива победа од 3:0 го победи Филип Момировски од БК Алексо Огненовски Охрид. Ова е голем успех на нашиот клуб и го држиме второто место во младинската бокс лига на Македонија, пред нас е Шкендија Но Лимит. Имаме уште 5 кола пред нас и се надеваме на прво место оваа година. Минататa година бевме на второто место после БК Баргала Штип, вели тренерот Ѓорѓи Чатлески.

РЕПОРТЕР: НИКОЛА ДИМЕСКИ

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: