ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските лозари го одбележаа Св. Трифун, Денот на лозарите, ден кога се сретнуваат зимата и пролетта.

Верувања и обичаи

658

Денеска и прилепските лозари го прославија Св.Трифун денот на лозарите и заштитинк на лозовите насади. Со традиционалното закројување на лозите во т.н викенд населба Маркова Чешма и лозарите се собраа на традиционалното одбележувања на Св.Трифун. По црковната церемонија и закројувањето на лозјата, со здравица, сите си посакаа бериќетна година.

Во православниот свет, 14.февруари се слави Свети Трифун, за кого се верува дека ги заштитува селата, населбите и градовите од поплави, дека е чувар на лозјата и другите ниви од различни штетници. Свети Трифун е слава на лозарите и гостилниците, а за овој празник, во зависност од местото каде што се слави, постојат различни верувања и ритуали. Некaдe Свети Трифун го нарекуваат Трипун, Тривун, некаде е наречен Зарезојло, Орезач, бидејќи лозарите, со посебна молитва и благослов на свештеникот, за првпат во новата година ги засекуваат лозјата.

Се верува дека снегот почнува да се топи токму од овој празник, дека со овој ден започнува пролетта и дека почнува да се буди природата и љубовта кај луѓето. Се верува дека ако врне на Свети Трифун, ќе се родат сливи, а ако изненади некој задоцнет снег, тоа се смета за бериќет. Еден ден по свети Трифун е и денот за кои луѓето веруваат дека се сретнуваат зимата и пролетта.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: