ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските основци учат како да селектираат и рециклираат

390

Ученици, наставници, педагози од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп се вклучија во едукативна интерактивна програма од областа на екологијата и заштита на животната средина. Во рамките на наставната програма по предметот Природни науки, на тема ,,Ајде да се селектираме и рециклираме“ , вработени од ЈКП,, Комуналец“ – Прилеп, низ игра, песна,забава и едукативни презентации во 4 паралелки со 4 часовно дружење им беа пренесени пораките за значењето на навиките за селектирање и рециклирање на отпадот.

Едукативните работилници се реализираат во соработка со Општина Прилеп и ЈКП Комуналец Прилеп.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе