ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепските родители преку мирен протест им рекоа „не„ на дигиталните учебници

1.688

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска (15.04 2021 г) одржаа  мирен  протести пред зградата на локалната самоуправа . Протестите се насочени против предлот Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

„Знаеме дека  дигитализацијата  е неминовен процес и дека светото се сретреми кон дигитализација, но  сметаме дека  е погрешно на учениците да им се исклучат хартиените учебници и да се воведат електронски ПДФ учебници , поради нивното здравје, поради не можноста сите да имаат квалитетни ИТ уреди, поради финасиските неможности на голем дел од родителите за квалитетен интернет …Не добивме денеска  прием во локалната самоуправа  Прилеп кај  советникот за образовани, но имавме предходна среда во МОН. Ни таму, Министерката не присуствуваше и не добивме конкретнио одговори за нашите барања. Денеска голем број на родители, еве, излегоа за да се чуе нивното мислење и став во врска со воведување на електронски учебници во основното и средното образование и тие велат „не„ за воведување на елкторнски учебници.  – потенцира,  Драгица  Мошкова, член на иницијативата „Учебници и настава мора да има“- Прилеп

На протестот многу родители излегоа и со нивните деца, со цел да покажат дека и учениците не ги поддржуваат новите реформи во образованието

Весна: За дигитализација не постои можност. Сакаме печатени учебници, да си учат децата, раат, како што беше досега!

Миле: Проротестирам против целосната дигитализација на образованието, против укинувањето на книжните учебници и многу аномалени што се случуваат во образованието.

Соња: Децата секојдневно се соочуваат со проблеми. Нема интернет – нема настава, нема можност да напредуваат, да учат, да ја следат наставата. Наставата онлајн не може да се одива во целост. Можеби одредени ученици, да, имаат соодветни услови, но поголемиот дел немаат и родителите немаат можност да им обезбедат адекватни ИТ уреди, да платат добар интернет. Учебниците треба да си останат, наставата да се осовременува поинаку, условите во училиштата да се подобрат  и после можеме  да зборуваме за квалитетно образование на нашите деца.

Томе: Како може без учебник да се остави ученик?! Нека го има електронскиот учебник, во ред, но мора да се има и печатен учебник. Печатениот учебник останува за генерации. Електронскиот учебник ќе го имаме и вие и јас, и сите оние кои ќе имаат пристап до таа датотека, се додека не биде можеби „хакиран„ избришен итн. , а печатениот, хартиенот учебник останува .Ако сме во демократска држава надлежните ќе треба да го слушнат гласот на родителите, на граѓаните, да се  послуша гласот на народот и да се бара заедничко решение за поквалитетно образование на нашите деца. Да не ме разберите погрешно , не сум против електроските учебници, не сум  против да има пристап до електронските учебници, ама треба да знаеме дека 80% од народот е сиромашен, не може да си овозможи секое семејство добар компјутер или интернет, и , она што го рече министерката „да си печетиме учебници„, не може секој да си печати сам учебници. Од финасиска гледна точка тое е не возможно!

Васко: Има голема социјална разлика и секоје дете не е во можност да пристапи до електронскиот учебник и дали сите родители можат финасниски да го овоможат таквото учење на детето?!

Ученик/студент . – Јас сум на факултет втора година. Учам од учебници и скрипти и нема споредба со онлајн настава…

Нејќиме дигитални учебници, бидјеќи би го нарушиле нашето здравје седејќи на компјутер толку долго..

Многу време поминуваме на интернет и на телефон и уше ни фалат онлај учебници да си го до расипиме здравјето…

Покрај ставот против дигитализацијата, родителите во Прилеп побараа и учениците да се вратат на училиште со физичко присуство, посочувајќи оти тоа е за нивно добро и за правилен развој на секој ученик.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: