ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Проданоски: Прилеп не е безбеден град, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полициската станица

627
Безбедносната состојба во Прилеп беше тема на денешната прес конференција, која се одржа непосредно пред почетокот на 12 тата седница на Советот  говореше Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

„ Денеска на седница на Советот на Општина Прилеп ќе разговараме за безбедносната состојба во Прилеп.Поканет е и командирот на ПС Прилеп да образложи каква е безбедносната состојба во градот, која според информациите што се пласираат во јавноста е страшно лоша.Точката е последна на дневниот ред на седницата, но по барање на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и по мое лично инсистирање, ќе предложам пред советниците точката да ја поставиме како прва. Командирот на ПС се надевам дека ќе присуствува на седницата, на која уредно е поканет и ќе ни даде целосна слика за безбедноста во градот.

Општина Прилеп само во последните 10 дена е застапена во црната хроника – со постојани тепачки, физички напади на лица, кримнинални дејствија кои не се за занемарување. Само минатата недела бевме информирани дека е пронајдена марихуана во вредност од 300 илјади евра.

Минатиот викенд, масовната тепачка на млади луѓе пред еден од прилепските локали ги преплави насловите на порталите, а секој ден во полицискиот билтен е исполнет со тепачки и вербални навреди меѓу граѓаните на Прилеп. Овие само неколку случувања наговестуваат дека ситуацијата не е розова, а полицијата, која треба да се грижи за безбедноста во градот или е слепа и глува? Станува ли Прилеп град на насилници, град каде нашите деца, пријатели, соседи се небезбедни ? Или тоа и е целта на централната власт, Прилеп намерно да биде прикажан како незбезбеден град за живеење?

Почитувани, безбедноста на граѓаните е на првото место! Полицискиот командир по закон треба да ни образложи на денешната седница што тоа се случува во Прилеп. Во спротивно како советничка група ВМРО ДПМНЕ и јас како Претседател на Советот при општина Прилеп, заедно со градоначалникот, ќе бараме одговорност и итно сменување на командирот на полициската станица, но и преземање одговорност од страна на МВР и централната власт за ваквата состојба во Прилеп,“ рече Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: