ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прва победа на прилепскиот второлигаш

501

Пред околу 1.000 гледачи на стадионот на Могилата младиот состав на прилепска Победа, вчера ја совлада Каменица Саса со 2-1 во натпревар од првото коло на новата сезона во Втората лига-Исток.
Победа поведе во 29-тата минута по заслуга на 38-годишните ветерани кои играа како во старите добри времиња. Дамески упати долга топка во противничката половина-киксираше гостинскиот голман Силјановски, а капитенот Гешоски немаше тешка задача од неколку метри да ја затресе гостинската мрежа.

На 2-0 во 80-тата минута зголеми Карапеев, кој го замени Гешоски, и кој немаше тешка задача од неколку метри со својот гол првенец во сениорска конкуренција во дресот на Победа да ја затресе мрежата на Каменица Саса по одличната систенција на Митрески. Конечните 2-1 ги постави гостинскиот капитен Златкоски од пенал во првата минута од судиското надополнување.
Во следното 2-ро коло наредната недела на 1-ви септември од 16,30 часот во дуел на ланските прволигаши на стадионот на Могила Победа ќе ја пречека Беласица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: