СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

РАДИО ПЕЛА ВО НОВОГОДИШНА МАЃИА – СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

262

Остануваат уште два дена до крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.  Сите се радуваат на Новогодишните и Божиќните празници, бидејќи тогаш се собираат, семејството и пријателите. На лицата се враќа насмевката, луѓето купуваат и се забавуваат.Некако сето то априродно оди. Сите уживаат во светлосните лампиони, и светилките низ градот . Домовите се украсени со елки, како симбол на новогодишната и божиќната прослава,а еуфорија се  чини делува насекаде, во рестораните, институциие, детските градинки, училиштата ,градот.. кои  исто така се украсени со разноразни светлчки украси.

Па, и  ние не останавме имуни на новогодишната еуфорија.  Во знакот на среќата, радоста, добрата мисла и желбата за насмеани и убаво располжени слушатели, Радио Пела и оваа година го украси своето студио во Новогодишен амбиент.

И, тогаш во студиото на Радио Пела  дојде и Дедо Мраз, па на нашите млади водители, на најубавата младинска емисија “Од млади за млади“ им донесе и новогодишни пакетчина .

А, ние  возрасните научивме дека суштината и значењето на неговиот лик и порака, треба да ја практикуваме самите,  секогаш настојувајќи токму ние, да бидеме нечии Дедо Мраз, кој ќе ги подготвува убавите изненадувања за другите и ќе ги исполнува желбите на оние кои ги сакаме и кои ни значат.

Па, да, ова е време на подарување, време на помирување, сплотуватувње, разменување на убави мисли, време на Дедо Мраз на посакување и исполнување на желби… Замислете желба и останете со добра мисла, и слушајте Радио Пела.

Затоа  во рамките на својата Новогодишната програма Ви  подготвивме  прекрасна новогодишна програма со хумор и сатира (која зпочнува од 19,оо ч на 31 декмевир) со одлична избрана музика, за весело и среќно да ја дочекаме НОВАТА 2020 г.

 

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе