CSS Template

Регионалната комора со седиште во Прилеп – секогаш во служба на стопанствениците

494
Avtokontrol1

Прилепските компании традиционално се извозно ориентирани, што пак подразбира навремено обезбедување на потребните документи во врска со производството наменето за странство. Регионалната стопанска комора Прилеп е една од ретките што од своето оснивање, па до денес комплетно е ставена во служба на компаниите од регионот што го покрива, четирите општини Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево, а по потреба и останатите блиски општини. Ова во најголем дел се однесува на обезбедување сертификат за потекло на стоките (Certificate of origin). За што е потребен овој сертификат?
– Регионалната комора со седиште во Прилеп сертификати за потекло на стоките издава од 2007 та година до сега. Со овој сертификат се потврдува дека стоката е произведена во Македонија што пак одредени земји со кои Република Македонија има склучено договор за слободна трговија е потребно покрај останатите царински документи. Мојот потпис е депониран и валиден на сите гранични премини и на царинските власти за заверка на сертификатите. Годишно некаде околу 1300 до 1400 сертификати издаваме како Регионална стопанска комора, вели Ристо Најдоски, секретар на комората.
Одредени компании во странство, овој сертификат, го бараат поради тоа што потребно е одредена независна, невладина, непартиска организација да потврди за оригиналната земја на потекло на стоката.

Најмногу вакви сертификати користат Прехранбената индустрија Витаминка, Мермерен Комбинат, Прилепска Пиварница, Кулитекс, Дониа, Комфи Ангел, Кривогаштани Промет, односно сите извозни компании. Најголеми корисници на сертификатите за потекло на стоки се прехранбената и текстилната индустрија од регионот.
– На пример доколку станува збор за извоз во Косово, задолжителен е овој сертификат за потекло на продукцијата. Со оглед што досега се издадени 1370 сертификати тоа се исто толку шлепери со стока вредна околу 29 милиони евра. Кооперативноста е најважна, затоа што бизнисот не треба да трпи, јас буквално сум на располагање секој ден, сабота или недела, независно од периодот, така што функционираме одлично, потврдува Најдоски.
Придобивките од издавањето на сертификатите за потекло на стоки од страна на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп е од големо значење за стопанствениците. Тие заштедуваат време и материјални трошоци бидејќи претходно постапката се изведуваше во Скопје. Прилепските компании извезуваат буквално во целиот свет, ако Витаминка својот извоз го насочува кон земјите на Европската Унија, Мермерен Комбинат најмногу извезува за Кина.
Сертификати за потекло на стоката не е обврзувачки документ за земјите увознички од Македонија, односно тоа се околу 50 отсто од државите со кои прилепските компании имаат соработка. Но, најважно е што Регионалната комора во Прилеп е една од ретките надвор од Скопје која има овластување за издавање на сертификат за потекло. Од вкупно 16 регионални стопански комори, од кои 7 имаат официјални канцеларии, единствено Прилеп, Битола и Охрид се овластени за издавање на вакви сертификати , што е од големо значење за извозно ориентираните компании во регионов.


semm
Penata
Farma Dolneni
Vivafarm