ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ревијален хуманитарен кошаркарски натпревар во организација на КК Мега Баскет

522
Во салата на “ООУ Добре Јованоски – Прилеп“, вечерва со почеток од 19:30ч ќе се одржи хуманитарен кошаркарски настан кој што има ревијален и хуманитарен натпревар. Иницијативата е на КК Мега Баскет со цел афирмација на кошарката во Прилеп, а ќе се одиграат ревијални натпревари помеѓу екипите на КК Мега Баскет, ЖКК Мега Баскет и ветераните на КК Гоце Делчев – Прилеп. Ќе настапуваат познати имиња од прилепската кошарка, денеска ветерани и големи ентузијасти и поддршувачи на спортот во Прилеп.
За екипата на КК Гоце Делчев – Прилеп ќе земат учество: Печијарески Иван – Печио, Стевананџија Тони – Цицо, Вујасонивич Томо, Алексоски Бранко – Арчио, Димитриоски Сашо – Сенката, Костоски Сашо – Џигио, Менде Младеноски – Банако, Диме Ристески – Сидро, Влатко Атанасоски – Лешперо, Дисоски Бранко – Дисо, Горан Ристески – Таленто, Гоце Ристески – Шејнио и Марјан Здравески – Крке. Тренер на екипата Пеце Ангелески – Коритото, и како помошен тренер Брсакоски Драган – Брсако. Судии на натпреварот Александар Дамески и Петар Деспотоски.
За потсетување дека КК „Гоце Делчев“ е првиот кошаркарски клуб во Прилеп кој е формиран на 7 март 1948 година, со фузија на двете фискултурни друштва „Гоце Делчев“ и „Прилеп“.
Влезницата изнесува 50 денари, а средствата од овој спортски настан ќе бидат како придонес за Новогодишната хуманитарна акција.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: