ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Романтичарите славеа – Работнички:Победа 4:2 (2:1)

539

На Работнички му требаа само 6 минути од првото полувреме за водство од 2: 0, во 3-та и 6-та минута од натпреварот со головите на Ангелов и Кировски. На националната арена во Скопје, црвено -белите пред крајот на првите 45 минути намали Лога на 2:1.
Борбата за предност продолжи веднаш по 15 минути игра во второто полувреме кога Маркоски беше прецизен за 3:1 во 59-та минута, но не за долго зашто само за минута Даноски го сведе водството на минални 3:2. Во интересна игра, конечните 4:2 ги постави Маркоски на 5 минути пред крајот на средбата.
Победа по овој пораз се најде во опасната зона на претпоследното место на табелата со 32 бода, пред Пелистер кој е последен со само еден бод помалку. Наредното коло црвено – белите играат со Силекс, најверојатно за три дена, во среда.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: