ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Руралното Радио Пела без политички пропагни пораки- ниту еден кандидат за претседател не сака да му се обрати на земјоделцот

878

Со уредно доставен ценовник до ДИК, и до сите релевантни институции, единственото рурално информативно локално радио и најмладата локална радио станица во Македонија, Радио Пела, лоцирано во Општина Кривогаштани, овие 12 дена кампања на Претседателски избори,иако ги следи сите активности на политичките кампањи и случувања,  остана без ниту една политичко пропагадна реклама од кандидатите за претседатели, кои сигурно не сметале дека треба да му се обратат на руралното население преку медиум.

Иако, средствата за ППП се од буџетот на државата, НИТУ една партија  не посака пораките на кандидатите за претседател да допрат до  земјоделецот, до жителите на Кривогаштани, Долнени, Крушево …до руралната Пелагониска средина. „Сега за пет села и 20 жители јас ќе пуштам реклама“- рече еден ! Можеби е во право! Кој денес го сака граѓанинот, кој денес ја почитува единката, на кого му е важен еден/двајца,петмина луѓе во СЕЛО ?!Овде е важна групата. И, тоа онаа само која е политичка група!

А, што мислите ВИЕ жителите на селата,  земјоделецот, селанецот, нема право да се информира?! Дали и тој нема право да добива пораки, известувања, да знае за случувањата и да има можност да донесе  одлука?! Пораките можат да ги пренесуваат и социјалните мрежи, но овие луѓе, овде во село,  немаат време, да „мафтаат“ по цел ден со прстот по мобилниот телефон, и да пребаруваат на порталите на интернет,  како оние во урбаните средини, па да читаат и обмислуваат што рекол едниот, што другиот кандидат и неговите партиски приврзаници.  Луѓето тука сакаат да слушнат, да чујат, да одлучат и да си ја работат земјоделската работа.

Потценувајќи го медиумот, лоциран во една рурална средина и потценувајќи ги луѓето во овие средини, ваквата состојба само по себе говори колку државата се грижи за руралната средина.

Инаку, кандидатие за Претседатели во првите 10 дена од кампањата не штеделе  пари за медиуми. Потрошиле најмногу средства на реклами и медими. Според извештајот од ДИК Стево Пендаровски  потрошил пола милион евра, Гордана Силјановска Давкова за кампањата во првите десет дена потрошила 167 илјади евра, а Блерим Река потрошил 25 илијади евра во првите 10 дена од кампањата.

Од овие пари во првите десет дена од Претседателската кампања нема ниту еден денар за локалниот рурален медиум ,сместен во срцето на Пелагонија, Радио Пела !

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: