ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се олабавуваат антиковид мерките?!

654

Полицискиот час се намалува, се отвораат фитнес центрите, настани на отворено и затворено…

Комисијата за заразни болести предлага нови полабави мерки, кои ги соопшти денеска ресорниот министер Филипче. Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните, само на отворено, да работат до 23.30 и да се отворат фитнес центрите и теретаните.

Да се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет;

Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи;

Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори;

Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, утре „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: