ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Седница која се „сплетка“ со урбанистичките решенија за општината и со многу советнички прашања

358

Советниците на Советот на Општина Прилеп расправаа по 16 точки и го дополнија деловникот за работа со одлуката за усвојување на програмата и правилникот „да се доделува еднократна парична помош на новороденче„.

Советниците од опозицијата на почетокот на седницата побараа градоначалникот да биде присутен на седница и да одговара на советнички прашања. Но, со оглед на тоа што градоначалникот на Прилеп беше отсутен, Претседателот на Советот одлучи совениците да поставуваат прашања во текот на седницата, кои беа упатени до секторот за урбанизам, до раковителите на ЈКП и до останатите служби на локалната самоуправа.

Советничката група на СДСМ и коалицијата, ова го искористија да го критикуваат работењето на градоначалникот во 100-те дена од неговиот мандат, а упатија и критики за (не)  функционирањето на ЈКП,  особено во делот на потребата од субвенционирање на истите.

.

Сепак, советниците ја усвоија програмата за субвенционирање на трошоци од работењето на ЈКП ,,Пазари”- Прилеп  за 2022 година, дадоа согласност  за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плати во ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп, ја прифатија одлука за одредување на цената за превоз на вработените во ООУ,,Кирил и Методиј’’ с. Канатларци- Прилеп  и  Ценовникот за редовен линиски приградски превоз на ЈП за ПУП Прилеп.  Донесоа одлуката за отпис на расипаните и не употребливи компјутерски системи и други електронски уреди, и дотаен и неупотреблив ситен инвентар на ООУ ,,Добре Јованоски’’- Прилеп и именуваа и разрешувааа членови во управни, надзорни и училишни одбори во неколку прилепски институции
Но, се задржаа на точките поврзани со урбанизмот . Советницикот од Левица на говорницата потенцира дека општината нема имотни листови за својата имотната сопственот и дека Општината го нема евидентирано општинскиот имот, „ниту пак има пописна комисја„ рече тој,  па од говорницата најави дека Левица нема да дозволи да се продава општинскиот имот и ќе влезе во војна , како што рече „со урбанатаа мафија „

На старото на седницата беше повлечена и точката  „Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Прилеп, за 2022 година.„ , за која советниците од Ливица ја критикуваа општинската локална самоуправа.  Пред еден ден пред почетокот на Седницата на Советото на Општина Прилеп ,тие поднесоа 400 Амандмани (за на  седница да  ги повлечат) , а со единствена цел да го блокираат јавното наддавање за општинско градежно неизградено земјиште и парцели на ул. „Андон Слебјеко„ ,  каде што според според нивни сознанија, приватен инвеститор планирал да гради зграда,  додека никој во околините куќи и станови не давал согласност за било какви градежни активности и бил против бетонизација на тој дел од градот.

На овие забелешки,  од комисијата за урбанизам при Советот на Општина Прилеп,  нагласија дека до нив  била доставена иницијатива за нов детален урбанистички план, а  тие, како комисијата само позитивно одговориле  на ова барање.

На седницата советниците  со мнозинство гласови ја усвоија Програмата за измена и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година како и Програмата за дополнување на Програмата за уредување на  градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2022 година. „Поминаа„ и Одлуката за донесување на  урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 за изградба на објекти за производство на ел.енергија од обновливи извори на енергија – фотоволтаични панели во три градежни парцели во Старо Лагово како и Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас во водотеците во плански опфат на УПС, Алинци, УПС Беловодица и УПС Плетвар.

Иако, Претседателот на Советот на Општина Пирлеп, Дејан проданоски, во текот на целата седница бараше од советниците да го почитуваат деловникот за работа, дел од советниците од опозицијата го искористија своето право на говорницата да дискутираат и на други теми надвор од деловникот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: