ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Шестмина излекувани, a нема нови заболени со Ковид 19 во Прилеп

907

Во Институтот за јавно здравје Скопје, регистрирани се 36 оздравени пациенти од кои 2 се од болничко лекување и 34 кои се лекувале во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување во Прилеп се 6 , информираат од Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19, од кои според градовите, ниту еден не е од Прилеп.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови:
– Скопје 11
– Куманово 2
– Тетово 3
– Струга 6
– Битола 1
– Гостивар 1
– Виница 1
– Неготино 1

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1326.
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19, се вели во информацијата од Министерството за здравство.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: