ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што ги поврзува Победа и Велигден?

904

Победа и најголемиот христијански празник Велигден ги поврзуваат неколку работи – традиционалната црвена боја на клубот и името Победа. Имено, како што е познато, во христијанството црвената боја има симболика на победа. А дека ништо не е случајно, говори и денешната мала свеченост и дружба на иницијатива на претседателката на клубот Ирена Јакимоска по повод Велики четврток – ден поврзан со вапсувањето јајца за Велигден. За се да биде во духот на традицијата, вклучително и црвените јајца со логото на клубот вкупно 30 на број, се погрижија членките на Здружението „Преродба“ од Прилеп.
– И во Победа се одбележа ,,празникот над празниците“-Велигден.
Во духот на традицијата и православната вера денес Велики Четврток во клупските простории фудбалерите, стручниот штаб и клупското раководство на ФК Победа АД го одбележаа престојниот ,,празник над празниците,,-Велигден. Претседателката на клубот Ирена Јакимовска на сите во клубот во пресрет на Велигден им подари црвено велигденско јајце со клупско лого на Победа и порака ,,ПОБЕДА во срцето“!, посочуваат на официјалниот ФБ профил на ФК Победа АД.
Инаку, ФК Победа се наоѓа пред исклучително важен натпревар. Во рамките на престојното 26-то коло на Првата Лига, натпреварот со ФК Скопје ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица во сабота на 7-ми април со почеток од 16 часот. Управата на ФК Победа ги повика верните навивачи на што помасовно присуство и подршка на овој натпревар од големо значење за црвено-белите фудбалери.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: