ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Сите на велосипед“ во Прилеп

891

Повеќе од 400 љубители на велосипедот денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 13-ти пат се одржа во Прилеп. Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп.

Дел од учесниците во оваа манифестација беше и градоначалникот Илија Јованоски, кој не пропушти уште еднаш да ја нагласи важноста од возењето велосипед не само за натпреварувачки цели , туку и од рекреативен карактер.

„Возењето велосипед го зајакнува здравјето и духот посебно кај младите луѓе, со него побрзо ќе стигнете на крајната дестинација од било кое друго моторно возило, велосипедот е важен од еколошки аспект и секогаш е поевтино да се патува со велосипед, изјави градоначалникот Јованоски, којшто е активен учесник во оваа рекреативна велосипедска тура.

Претседателот на велосипедскиот клуб „Илинден“, Драган Димитријоски, нагласи дека Прилеп е единствениот град во кој се одржува ваква манифестација, на која љубителите на велосипедизмот возат рекреативно од центарот на Прилеп, до спортскиот аеродром во с. Мало Коњари и назад.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе