ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Скромно одбележана градската слава Св.Никола

1.005

Без присуство на голем број верници,со почитување на мерките на заштита, Прилеп скромно го одбележа патрониот празник Св.Никола, заштитникот на градот.

По црковната литургија во црквата „Св.Благовештение“, пред
параклисот во центарот на Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски и годинашниот домаќин на градската слава, Тони Тарунџиоски, сопственикот на компанијата „Футура“, со неговото семејство се поклонија пред параклисот во центарот на Прилеп каде се изврши и сечење на славската погача ,во чест на светецот.

Поради настаната ситуација со пандемијата, празникот ќе го славиме
поскромно. Се надевам дека следната година ќе живееме во нормални услови, а не како сега во чудни и тешки времиња. Нека е напомош и за многу години денот“, истакна годинешниот домаќин, Тони Тарунџиоски, кој и следната година ќе биде домаќин на градската слава, со надеж дека тогаш празникот ќе биде одбележан согласно досегашната традиција.

Градоначалнико, Илија Јованоски при оваа прилика им посака добро здравје, среќа и радост на сите граѓани и не заборави да апелира граѓаните а се придржуваме на новите мерки кои ги предложи Комисијата за заразни болести, да се одржува дистанца, да носат заштитни маски, да не се групираат за достоинствено да се одбележат празниците.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: