ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот-забрана за движење на камиони на Ѓавато

542

Патниот правец Битола–Ресен кај Ѓавато е забранет за движење на тешки товарни возила, информираат од АМСМ. Поради врнежите од снег од попладнево се воведени забрани за движење на повеќе планински превои во државата. Поради врнежите од снег од попладнево се воведени забрани за движење на повеќе планински превои во државата. Воведена е забрана за сите возила на планинскиот превој „Буково“ кадешто попладнево поради заглавени два шлепера имаше застој на колона од 30-тина возила.Од 15 часот е воведена забрана за камиони и на патниот правец кон Попова Шапка. МВР преку соопштение апелираше на магистралните патишта Охрид-Кичево и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.
На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси. Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.
Поради лавина на патот во целосен прекин е сообраќајот на патот Маврово – Дебар, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.
Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
На планинскиот превој Стража намалена е и видливоста до 100 метри поради магла.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: