ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Со љубов и книга за старите лица“ донација на литература од Градската библиотека во Домот за стари лица Киро Крстески Платник Прилеп

714

Градската библиотека „Борка Талески“ денеска донираше литература за штитениците во Домот за стари лица “Киро Крстески Платник“, а при тоа беше презентирана поезија од македонски автори на дружбата по тој повод со станарите од Домот. Настанот „Со љубов и книга за старите лица“ се одржа претпладнево на задоволство на штитениците и вработените, во новоуреденото катче во дворот кое пак е резултат на соработката со невладината ЛАГ Агро Лидер. Тоа беше убав повод за најава на уште еден проект кој што ќе го реализираат двете општински институции – Градската библиотека и Домот за стари лица уште една иницијатива заедно со ЛАГ Агро Лидер – доближување на делата од македонските автори преку аудио записи, што ќе се реализира наскоро.

– Како еден од многубројните проекти кои што ги остваривме со ЛАГ Агро Лидир и Министерството за социјална политика од Австрија е партерното уредување на дел од дворната површина во Домот, а ќе продолжиме со активната соработка и понатаму. Од сето тоа произлезе една интересна иницијатива во соработка со Градската библиотека„Борка Талески“Прилеп. Иницијативата ја нарековме „Со љубов и книга за старите лица“ која што денеска ја реализиравме, а остваривме и донација од литература за штитениците и станарите на Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ од Прилеп, се во интерес на подобрување на условите на корисниците на услугите на Домот, вели Мики Крстев, директор на Домот за стари лица.

Локалната акциона група Агро Лидер последниве години е фокусирана на квалитетот на живот за старите лица посочи Марина Тошеска:

– Благодарност до Министерството за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи од Австрија, за нивната континуирана финансиска поддршка да може да реализираме активности, да спроведуваме иницијативи за подобрување на квалитетот на живот на старите лица. Оваа активност за уредување на дворната површина во Домот за стари лица Прилеп, произлезе од проектот што го спроведуваме заедно со организацијата BN од Австрија.

Донацијата од Градската библиотека содржи 14 пакети од книги од македонски автори, а дел од издавачката дејност на библиотеката.

Нашата цел е да го стимулираме и анимираме престојот на штитениците од Домот за стари лица, да биде што попријатен со изборот на литература пред се‘ од роднокрајни, но и од домашни автори. Се разбира стоиме на располагање за она што значи интерес на читателот од станарите на Домот, тука сме да донесеме книга…, а соработката ќе продолжи на секој начин. Од септември во рамките на соработката се надевам дека ќе биде реализирано со презентирање на аудио записи на делата од прилепските автори, за делата на Марко Цепенков, Стале Попов, Блаже Конески, Коле Чашуле …да ги приближиме до станарите на Домот, рече Моника Талеска, директор на ЈОУ Градска библиотека Борка Талески Прилеп.  

Инаку, Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во Домот за стари лица создадоа зелена површина за да го разубават престојот на лицата во Домот за стари лица, а во најава се нови иницијативи насочени кон подобрување на условите и услугите во оваа установа, како што е промена на осветлувањето во Домот со енергетски ефикасно осветлување.    

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: