ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со „Ничија земја“ започна МТФ „Војдан Чернодрински“

Јованоски: Прилеп ќе добие нов театарски храм

591

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ го започна своето 53 тото патешествие. Претседателот на Советот на фестивалот и селектор, актерката Катарина Коцевска на отворањето посака „фестивалот кој трае повеќе од половина век да трае уште векови и да ги радува идните генерации што доаѓаат.

А пак, домаќинот, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски на уметничката сцена најави дека градот Прилеп ќе добие нов театарски храм.

– Општина Прилеп и Министертвото за култура остваруваат интензивна уметничка соработка со цел градот да добие нов и репрезентативен театар кој што ќе ги исполни сите современи стандарди за работа и современа техничка логистика за актерите, сценаристите, режисерите, на сите уметници кои се дел од без поговор единствената професија кој што твори со оној непоштеден фидбек со публиката. Ова им го ветив на актерите на сите вработени во матичната куќа во Прилеп и ветувањето ќе биде остварено. Прилеп и театарот во Прилеп мора да добие нова сцена, нов современ уметнички храм. Впрочем тоа му го должиме и на овој фестивал, истакна градоначалникот Илија Јованоски на отворањето на фестивалот оддавајќи им посебна почит на двајцата доајени Илија Милчин и Кирил Ристески.

Традиционално, на отворањето на фестивалот беа доделени наградите за животно дело, а годинашни добитници се: композиторот Љупчо Константинов и актерот Петар Арсовски.
– Наградата секогаш е поттик, јас мислам ќе продолжам да го работа она на што сум посветен, а тоа е сценска музика, применета музика, музика за театар, филм и телевизија. Да се заблагодарам на сите досега режисери кои ја искажаа својата доверба и ме ангажираа во нивните проекти. Да се радуваме на чинот на создавање на театарска претстава, филм… За мене најтежок дел е да се одлучам за темата и да почувствувам дека таа тема ќе биде онаа главната битка што ќе провејува тој проект, претстава или филм, а останатото е техника веќе, истакна по добивањето на наградата за животно дело композиторот Љупчо Константинов.
Младите да се занимаваат што повеќе со театар посочи актерот Петар Арсовски, исто така добитник на наградата за животно дело.

– Морам да кажам дека сум среќен, дека наградава многу ми значи таман кога мислев дека сум завршил со кариерата и дека сум заборавен, доаѓа едно признание од моите колеги кои покажуваат дека не ме заборавиле дека сеуште сум жив, како на сцена така и во нивните сеќавања, а така и кај публиката, истакна Арсовски.
Фестивалот го отвори претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов, а во продукција на Македонскиот народен театар.
До 15 јуни на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамките на 8 те фестивалски денови во официјалната програма ќе се прикажат 12 претстави од македонските професионални театри кои се во трката за награди и за највисокото фестивалско признание – најдобра претстава во целина.
Вечерва, беше отворена изложбата „Моќта на театарот“ на која се претставени експонати од театарскиот музеј на Македонскиот народен театар. Претставена е историјата на театарот од 1945 год. до денеска, а опфаќа фотографии, костимографии, сценографски скици, програмски книшки, плакати и друго.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: