ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОУ „Орде Чопела„ Прилеп слави три значајни јубилеји

589
 Три значајни јубилеји прослави СОУ „Орде Чопела„ – 65 години од формирањето на СОУ„Орде Чопела“, 110 години од раѓањето на својот патрон,  народнот херој  Орде Чопела и 80 години од смртта на херојот.
Денеска со положување на цвеќе пред бистата на патронот која се наоѓа пред СОУ Орде Чопела , пред  бистата  во  Паркот на на Могилата пред Алејата на народните херои каде се наоѓа споменикот на Орде Чопела и со Свечена академија во театарот Војдан Чернодрински , беше одадена почит и одбележан ликот и делот на херојот чие име го носи СОУ Орде Чопела .

 

Честувањето на јубилејите училиштето го започна во четвртокот, со литературно читање, во кое зедоа учество 20 ученици, кои преку стихови го величеа делото и името на  херојот,  додека во петокот се одржа работилница „Фер Плеј„  чија главна тема беше насилството и правилниот начин на решавање конфликти, а учесници беа ученици од сите средни училишта во градот.
И, во рамките на фер плејот училиштето организира  и спортски натпревари во одбојка помеѓу тимови формирани од средните прилепски  училиште.

Со сите овие активности , училиштето СОУ „Орде Чопела„-Пилеп,  само ги потврдува своите постулати во  негувањето и поттикнувањето на интелектуалните, емоционалните и творечки потенцијали на учениците.

Инаку, СОУ „Орде Чопела“ е формирано во 1957 година како средно земјоделско училиште со името „Кузман Јосифовски-Питу“, а подоцна во 1960 бил формиран и хемиско-технолошкиот училишен центар „Борка Талески“. Во 1946 година е формирано средно тутунско училиште како „Орде Чопела“, подоцна со трансформација на овие три средни училишта во 1983 година се формирало едно средно стручно училиште под името „Орде Чопела“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: