ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ го одбележува патрониот празник

575

Средното општинско училиште Ристе Ристески Ричко Прилеп со низа активности го чествува својот патрон празник. По тој повод делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески заедно со вработените од училиштето, ученици положија свежо цвеќе на Могилата на непобедените.

Средното општинско училиште Ристе Ристески Ричко годинава слави 61 година од своето постоење, а настаните по повод патрониот празник ги реализира во текот на целата недела преку активности организирани од Младинската организација под мотото промотивна „Недела на Ричко“ од 20 до 24 декември.

Учениците одржаа oтворена дискусија „Знаење или Диплома“ , во текот на денешниот ден беше реализирана креативна работилница насловена како  „Дрвја на Проблеми“, а ќе биде презентирана хуманитарна иницијатива „Биди хуман, подари дел од твојата коса“. Планирано е одржување на Ликовна работилница за цртање на портрети, како и разни спортско рекреативни натпревари.

 

Средното општинско училиште Ристе Ристески Ричко е препознатливо по стручните кадри кои се едуцираат во вкупно 6 сектори: електротехника, машинство, сообраќај, транспорт и складирање, графичарство и спортска гимназија,  а втора година по ред се спроведува дуално образование по германски модел.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе