ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Средба на претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ

511

Претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска се сретна со Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата беше разговарано за тековните проекти на локалната самоуправа, како и за долгорочните и краткорочните планови кои Општина Прилеп планира да ги реализира. Г-нот Голдстајн уште еднаш ги посочи клучните приоритети на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, а кои се однесуваат на анти-дискриминацијата, образованието, младите, правичната застапеност, како и мониторирањето и спроведувањето редовни посети на локалните заедници.
И Талевски и Голдстајн потенцираа дека институциите кои тие ги претставуваат, и понатаму ќе ги застапуваат интересите на граѓаните и локалната заедница.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе