ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Те сакаме и те поддржуваме од се‘ срце – за Мила Москов! ФОТО – ВИДЕО

2.120

Подготви: Никола Димески

Со 14 години и со извонредни вокални способности, прилепчанката Мила Москов ќе ја претставува Македонија на овогодинешниот детски евросонг.Детската евровизија ќе се одржи во Гливице , Полска а Мила ќе настапи со композицијата „Fire“ – Оган.

Мила веќе се загрева за својот настап, а истото тоа го прават и нејзините соученици од основното училиште Кочо Рацин. Тие организирано и масовно ќе го проследат нејзиниот настап во училиштето, па затоа организираа, колективно, нејзина промоција за целосна поддршка на јуниорскиот евросонг.

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/436318943976324/

Мила тимот е во вистинска еуфорија, како и сите од училиштето Кочо Рацин. Печатење на блузички , делење на флаери низ прилепските локални кафулиња, како и со пеење на нејзината композиција и даваат безрезервна подршка на Мила , која, како што и самите велат, заслужено ја претставува земјава на оваа манифестација.
Мила утре ќе се појави на сцената, а гласањето ќе биде онлајн, тоа трае преку официјалниот сајт junioreurovision.tv. Песната „Fire“  е компонирана од Лазар Цветкоски, а текстот од неговата сестра Магдалена , видео спотот кој одлично котира на ѕоу тубе со многу позитивни критики а е дело на Даниел Јовески.
За Мила ќе гласа Македонија , ќе гласаат сите , ќе уживаат и ќе пеат во еден глас па затоа Мила само напред целосната подршка ја имаш од Радио Пела , од твојот град и твоите другари.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: