ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трипуновски: Касата на министерството за земјоделство е речиси празна

423

По посетата во регионот, прес конференција денеска во Прилеп одржа техничкиот заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој, меѓу другото обвини за недомаќинско однесување на СДСМ во аграрниот сектор.

– Најголем дел и фокус давам на нереализираните субвенции. Изговорот заради короната или други ситуации не е оправдување.Едноставно, владата на Зоран Заев и СДСМ приоритет имаа на луксуз, на криминал и на корупција.Земјоделците беа на дното на листата. Моментално, Програмата за финансиска поддршка, делот на директни плаќања е во длабок минус. Ова значи дека градинарите нема да ги добијат дополнителните 2 денари за куртовска капија од 2019. За жал, ниту градинарите, ниту тутунарите, ниту сточарите ветените пари на име субвенции од претходните години нема да ги добијат, зашто касата на министерството е речиси празна, рече Трипуноски.

На прашање на Радио Пела за колкава сума станува збор и за колкав број на земјоделци кои ќе бидат скратени за субвенции, тој одговори:

– Пред 10 тина дена Владата користејќи ја вонредната состојба ја измени Програмата за финансиска поддршка и долгонајавуваната „зелена нафта“ каде што имаше 280 мил. денари ја намали сумата на 180 милиони, тие 100 милиони денари кои ги повлече ги стави во ставката неисплатени обврски од претходните години. Во ставката неисплатени обврски од претходните години во Програмата за финансиска поддршка минусот е околу 4 милијарди денари, тоа е минусот од претходни години. Меѓутоа овие пари кои ги повлекуваат, се од 2020 година, значи од програмата 2020 сите пари се повлечени за исплата на претходни години, значи ние две програми во министерството имаме огромен, длабок минус, рече Трипуновски.

Дополнително , на средбата со новинарите, техничкиот заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО ДПМНЕ, посочи дека се трошат пари за сомнителни проекти како што е авинското засејување на облаците за заштита од град.

– Пред 30 тина дена имаше тендер за авионско засејување на облаците против град, се потрошија над 1 милион евра, а речиси секој ден во републикава се случуваат невремиња со огромни штети врз земјоделските култури. Тоа е применлива метода во многу земји во светот. Кај нас е проблем што се прави на еден аматерски начин. Се ангажира компанија која што нема специјални наменски авиони за таква работа. Тоа е пропаднат проект, затоа што со неколку прелети кои што ги имаше авионот имаме делумна успешност. Неможе со еден авион да ја покриете цела Македонија, зашто во исто време може да има невреме на повеќе места, посочи Трипуновски, кој рече дека овој експеримент вреди многу, а сеуште не се знае дали и колку земјоделците ќе имаат корист од тоа во заштита од градобијни облаци.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: