ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Целосно се реконструира кровот на градинката „Тризла“

461

Целосно се реконструира кровната конструкција од детската градинка „Тризла“,.Истакнувајќи, дека грижата за најмладите кои посетуваат дневен престој во детските градинки, е врвен приоритет, градоначалникот на Општина Прилеп,  Илија Јованоски заедно со претседателот на Совет, Миле Талевски и директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски, денеска ја посетија  градинката .

Директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски нагласи дека е во тек голема инвестициска активност во висина од 15.000.000 денари, со која ќе бидат опфатени сите детски градинки во Општина Прилеп.„Тој кров е заменет со нов огноотпорен и пластифициран лим„- изјави директорот Тодоровски.

„Од постоењето, 40 и нешто години откако е направена градинката, прв пат сега се реконструира кровот и тоа комплетно по највисоки стандарди. Од утре ќе се започне со целосна промена на дограмата.Ќе се постави нова ПВЦ дограма и во целост ќе се молериса градинката „Тризла“. Тука нема да запреме,  реконструкцијата на кровот е околу 1620 метри квадратни, а вредноста е околу  3.500.000 денари.“, истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Градоначалникот Јованоски, потенцираше дека исто така голем приоритет е и промената на котелот за парното греење во детската градинка „Гоце Делчев“.

Покрај овие градежни зафати, во градинките „Бончејца“ и „Гоце Делчев“ направени се  нови патеки со бехатон плочки, како и нови летниковци, со цел децата да изведуваат летна настава во топлите временски периоди.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: