ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Црквата Св. Наум Охридски, комплетно ќе се заврши оваа година

465

Градоначалникот Борче Јовчески денеска присуствуваше на празнувањето на Св. Наум во црквата која го носи името на овај светец, која што се наоѓа на влезот во Прилеп, пред спортската сала „Македонија“. На годинешните домаќини градоначалникот Јовчески им го честиташе кумството и им посака здравје и среќа за нив и нивните семејства.

За наредната година за домаќини се пријавија градоначалникот Борче Јовчески како и поранешниот градоначалник Марјан Ристески и Бошко Талески, кои што ја започнаа изградбата на оваа црква. Оваа посета градоначалникот Јовчески ја искористи да истакне пред присутните дека оваа година 2022, локалната самоуправа на Општина Прилеп планира комплетно да ја заврши доизградбата на црквата.

„Воедно сакам да дадам едно ветување за оваа црква Св. Наум, дека локалната самоуправа со сите надлежности и јас како градоначалник ќе ги преземеме сите активности во текот на оваа година 2022, да ја завршиме изградбата на оваа црква, како внатрешниот дел така и надворешниот и комплетно партерно да го уредиме овој простор околу црквата и да претставува еден убав репрезент на влезот на градот и да биде светилиште на овој светец за сите граѓани на Прилеп.“ – рече градоначалникот.

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: