ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите повторно на протест – бараат решенија за нивната мака

1.170

Нов, прв протест годинава на тутунопроизводителите со кој што 2 часа беше блокиран сообраќајот на магистралниот пат Битола – Скопје, на излезот од Прилеп. Земјоделци од прилепско, долненско, битолско повторно излегоа на протест да иницираат итно решавање на проблемите во тутунопроизводството кои од ланската, се префрлуваат и во новата претстојна реколта. Нивните барањата до надлежните се прецизни, и како што велат тие, од решенијата зависи егзистенцијата на илјадници семејства вклучени во тутунската продукција во Македонија. Најголема причина за која што излегуваат на протести е заостанатиот неоткупен тутун, кој што сеуште им стои на луѓето по плевните.

–  Апелирам и до откупувачите и до Владата час поскоро да се дооткупи тутунот кој што не купен, во најскоро време да се подели амбалажа и да почне да се откупува тутунот по правилата и прописите по кои се откупуваше во редовниот откуп, значи да биде по класи и одбиток од 5% како што беше договорено со откупувачите и Министерството за земјоделство. Апелирам до Владата затоа што сите сме свесни што се случи со оваа сезона, субвенцијата да изнесува 90 денари по килограм за сите класи на тутун што се откупени, плус  5  те милиони кои што ги вети Владата од 5 тиот Ковид пакет, вкупно да дојде поддршката до 100 денари.Знаеме сите дека во Буџетот се предвидени тие пари, затоа што ако беше реален откупот, парите кои што требаше да се исплатат ќе беа повисоки. Остануваат околу 7 милиони евра да се додадат до тие 64 –65 денари каде што е просекот за субвенцијата и да дојде просекот од 90 денари субвенција за оваа сезона, рече Николче Станкоски од Здружението Тутунска надеж.

Прашања за кои доправа треба да се најде начин како и дали ќе се решат се аномалиите кои ги покажа Законот за тутун и Правилникот за проценка. Заедничките барања на тутунарите за реколтата што следи 2021/2022 год. ги упати Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија:  

  • „-Да се укине во целост и безусловно членот од Законот кој што дозволува увоз на суров, необработен, ситнолисен тутун;
  • – Зголемување на цените по класи за до 25 %, изедначување на цените во сите откупни претпријатија;
  • – Во Правилникот за тутун зголемување на килограмите по единица декар од 220 кгр, наместо досегашните 185 кгр;
  • – Долниот и среден лист без мани и оштетувања со големина од  16 сантиметри да влезе во втора класа при проценката;
  • – Откупната организација да не склучува договори на помала количина на договорите од претходната реколта, освен ако тоа не е желба на производителот.“

Тутунарите не се согласуваат со ставот наСојузот на земјоделски здруженија и Асоцијацијата за намалување на количеството на тутун, бидејќи Македонија години наназад производувала 25/ 26 милиони кгр и тоа производство мора и понатаму да се задржи.

– Со 21 милион кгр македонските тутунари не можат да опстанат, а прилепскиот регион ниту е лозарски, ниту е овоштарски, не случајно Прилеп е тутунарски регион и тука мора да остане производството. Сојузот на земјоделски здруженија нема поддршка кај тутунарите, ние сме новите здруженија легитимни претставници . Денеска беа поканети и тие да присуствуваат на протестот и ги нема на денешниот протест. Како ќе ги бранат тие нашите барања, од дома седење, по Фејсбук, запраша Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Велат дека се изманипулирани и излажани,бидејќи  цела година ги пролонгирале барањата, за да се реши проблемот со откупот на вишокот, а веќе измина половина месец, компаниите се’ уште ниту поделиле амбалажа, ниту се знае кога ќе отпочнат со откуп. И во делот на склучувањето на новите договори велат дека има манипулации бидејќи наводно, сите кои што оставиле тутун за повторна проценка на Второстепената комисија за време на откупот, нив компаниите  не им правале договори за новата реколта.

На јавниот повик упатен од организаторите на протестот до локалната власт, земјоделските здруженија,  прилепските пратеници, единствено присуствуваше Петар Ристески од ВМРО ДПМНЕ,кој упати апел до сите чинители, до сите политички партии, до сите здруженија, заеднички да седнат, да разговараат за доброто на земјоделците, со  цел да се направи квалитетен закон со суштински решенија .

Новоформираните здруженија кои произлегоа од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари во писмена форма ќе ги достават барањата до Министерството, до Владата, до сите институции и ќе бараат писмен одговор и бараат да бидат вклучени во преговорите за новата реколта. Тутунарите имаат закажано протест и за утре, а најавуваат дека со протести продолжуваат ако секој ден .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: