ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунскиот вишок мора да се пријавува на одредени договори

650

Тутунарите кои за ланската реколта не склучиле договори за производство на тутун, вишокот производство да го пријавуваат единствено и само на договори од свои блиски или пријатели.  На таков начин ќе се легализира производството, и што е најважно тутунарите ќе можат да ги остварат правата за да добијат субвенции кои што им следуваат по однос  на предадено производство по килограм.

– Апелирам до тутунарите да го искористат крајниот рок до 5 ти февруари во подрачните министерства за да го пријават вишокот производство. Тутунарите кои немаат договори за ланската реколта, да се снајдат со договори од свои роднини или пријатели и така да влезат во списоците за пријавено вишок  производство. Само преку пријавени договори тутунарите можат да ги остварат правата за откуп и за добивање на субвенции. Апелирам тутунарите да  не потпаѓаат под манипулации кои се шират во одредни кругови и на социјалните мрежи, дека пријавувањето вишок тутун може да се стори без договори, тоа е противзаконски и не може да се реализира, зашто во тој случај ќе изгубат самите тие, вели Игор Мирчески од И.О на тутунарите.  

Во подрачната единица на МЗШВ во Прилеп досега, тутунарите пријавиле вишок од  3 и пол милиони килограми, информира Зоран Пачешкоски, кој потврдува дека единствен начин за да се евидентира вишокот на тутунопроизводство е со приложување на договор на кооперант со одредена откупна компанија.   

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе