ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Универзалната сала да го носи името на Миле Нешкоски?!

719

Од денеска па во наредните три дена, Прилеп е центарот на ракометните збиднувања. Започна ракометниот меморијален турнир “Миле Нешкоски“, во чест на прерано загинатиот прилепски ракометар Миле Нешкоски. Попладнево пред спомникот на Универзалната сала, роднини, пријатели, соиграчи, тренери, учесници на турнирот, граѓани, гости, новинари, положија свежо цвеќе пред неговиот споменик и се поклонија на наговиот лик.

При тоа, свое обраќање кон стотина присутни имаше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој посочи дека меморијалниот турнир е еден од поквалитетните турнири во Македонија и го искажа своето жалење што натпреварите не можат да се играат во „Универзалната сала, која денеска стои само како нем споменик за сите спортски збиднувања во Прилеп, особено за ракометот, спортот кој што со децении беше број еден во градот под Марковите кули. При оваа прилика, Јовчески  посака спортскиот храм на Прилеп повторно да проработи, „можеби, оваа спортска сала која е храмот на ракометот во иднина ќе го носи и името на Миле Нешкоски за вечно да се памети неговото име” предложи и даде иницијатива, градоначалникот Јовчески.

На меморијалниот турнир „Миле Нешкоски” учествуваат екипите на РК Прилеп, Струга, Скопје, Мулти Есенс, како и странските РК Дубочица и РК ПАОК.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: