ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Уште денеска пеколни температури, следува заладување

641

Во 8 часот изутринава во Прилеп беа измерени 30 степени целзиусови, а така беше во поголемиот дел од земјава. Денеска не’очекува уште еден пеколен ден – сончево и многу топло со мала локална облачност и  слаб до умерен јужен ветер. Прилеп – сончево и многу топло со мала облачност со максимална температура од 38 степени. 

Во попладневните и вечерните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен (над 60 км/час) ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
УХМР предупредување: Денес во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со намалена видливост. Во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен, повремено силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град.
Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: