ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

В недела премиера на детската претстава „Приказни за ветрот и месечината“

755

Театарската екипа на „Војдан Чернодрински“ Прилеп подготви уште една премиера на која ќе се израдуваат најмладите. Станува збор за претставата за деца „Приказни за ветрот и месечината“ во режија на Кирил Петрески. Претставата е работена според басните од Езоп, Ла Фонтен и Марко Цепенков.
– По својата тема и содржина басните се поврзани со митовите, тие се занимаваат со теми кои допираат до основата на човечкото постоење и карактери и на крајот секогаш завршуваат со некаква поука. Зборуваат за искреност, добрина, дарежливост, мудрост, но и за лакомост, скржавост и гордост. Во басните многу често послабиот го победува посилниот, мудроста или чесноста секогаш ги победуваат алчноста и глупоста. овие караткеристики од секогаш му биле важни на човекот, но, особено сега, ние треба да ги учиме и потсетуваме нашите потомци, вели режисерот Петрески.
Во актерската екипа се Јасмина Мицоска Станкоска, Александар Тодески, Кате Чакмакоска Климческа, Надица Ѓорѓиоска, Наташа Ачански и Михајло Миленкоски. Дизајнот, костим и сценографија на претставата, го подготви Александар Џинго, а музиката е на Томе Темелкоски.
Премиерата е закажана за 8 декември, недела со почеток во 12 часот во театарот „Војдан Чернодрински“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: