ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вековна традиција на Прилепчани да го посетат манастирот Трескавец за празникот ,,Успение на Пресвета Богородица‘‘

1.488

Многу верници ќе се упатат на вечерната или утринската богослужба кон Балаканското светилиште, Манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец”, во Прилеп, 28 -ми Август по повод  празникот, Успение на Пресвета Богородица, или меѓу народот познат како Голема Богородица,  патрон празник на манастирот Трескавец , чија црквата стара повеќе од 5 века, го носи името на Успението на Мајкaта Божја.

Фотогрфија од 1917 година

Прилепчани на овој голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица,низ годините наназад масовно, пеш низ планинскиот предел, го посетувале манастирот

 

 

Трескавец , зашто тоа е вековна традиција на овој народ.

Денес, до манастирот  Трескавец. на овој убав христијански празник Успение на Пресвета Богородица, може да се дојде и по асфалтиран пат, изграден со владина помош 2013 година.

А.манастирот, свиен како орловско гнездо на надморска височина од над 1500 метри, иако се уште со траги од големиот пожар  од 4 февруари 2013-та година денеска, повторно блеска во целиот свој духовен сјај, опкружен од неверојатнат природа од камени карпи .

Во манастирската црква, стара повеќе од пет века, верници, ќе присуствуваа и на редовната празничната утринска боженствена литургија,  која  рано наутро на 28 август , ќе се обавува во црквата Успението на Мајкaта Божја, поставена во средиштето на манастирот, недопрена од ниту еден пожар, кој манастирот го претрпел.

Денес, манастирскиот комплекс “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” е национален споменик на културата и има огромно сакларно и културно значење за Македонија и светот. Не слчајно УНЕСКО го прогласи Трескавец за еден од 100-те најзагрозени споменици на културата во светот, на кои треба да посветеме  вниманиеза негова заштита.

Инаку, Голема Богородица или Упокојувањето на Мајката Божја е еден од најголемите христијански празници.  Се смета дека секоја осма црква во Македонија ѝ е посветена на пресвета Богородица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни икони за настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не поминала низ смртта како враќање на правот на правот.

Ден на Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица  28 август, е прогласен за неработен за православните верници.

фото:Facebook страна од Трескавец – Света Богородица

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: