ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ветераните на припомош на РК Прилеп

1.269

Александар Бозароски, Менде Петкоски, Филип Ангеловски и ветеранот Тони Димоски се староновите имиња со кои ќе се подобрува ростерот на младиот состав од Ракометниот клуб Прилеп. Овие тројца поранешни играчи на прилепските ракометни клубови меѓу кои и Тутунски Комбинат, деновиве започнаа со тренензи и интензивни подготовки за што поскоро вклучување во натпреварите на РК Прилеп во плеј аутот групата.
Капитенот на РК Прилеп ,Давор Шокоски пред натпреварот изјави:
-Иако,Радовиш се фаворити, ние ќе дадеме се од себе,да победиме. Но,сепак сакам да потенцирам дека ние сме млада екипа,составена од неискусни ракометари,чии просек на старосна граница е 16 години, но ќе ја искористиме секоја шанса,за да издвојуваме победа со искусниот тим на Радовиш. Голема помош во овој натпревар ќе ни бидат и искусните Ангеловски,Бозароски,Менде Петкоски и голманот Тони Димоски,кои имаат многу натпревари зад себе,имаат заедно настапувано и во други тимови и знам дека ќе ни бидат од голема помош.Тоа е уште поголема причина да ги повикам нашите фанови и љубителите на ракометот,да дојдат, сабота,во 17,00 ч во салата на СОУ Р.Р Ричко,да не бодрат, бидејќи би ни биле од голема поддршка во овој натпревар, истакна капитенот Шокоски.
По одигрувањето на овој првенствен натпревар, утре со почеток од 19 часот ќе се одигра и еден хуманитарен пријателски меч во организација на навивачката група Мајмуни Прилеп 1997. Пријателскиот хуманитарен натпревар ќе се игра меѓу Ветеранскиот ракометен клуб Млади ветерани од Прилеп и Репрезентацијата на Македонија – Ветерани. Средствата од влезниците се наменети за помош на малиот Трајче.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: