ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Има само 9 години и е виртуоз на гајда – Теодор Грујоски од Битола добитник на „Гајдата на Пеце“

1.053

Годинашниот добитник на престижната награда на  Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ која ја доделува Општина Долнени, „Гајдата на Пеце“ му припадна на  деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола, кој е вистински виртуоз на гајда и ги доби сите аплаузи на учениците и жирито. Тој рече,  гајда свири откако знае за себе, и  тоа го потврди на сцената  на Рудина, во Долнени каде 120 учесници ги покажаа своите изведби на гајда, кавал, тапан, зурла,  изворно пеење …

https://www.facebook.com/100011877139813/videos/874243666314863

Со тоа, синоќа зарши 46-тото издание на еден од најпрестижните Македонски фестивали, кој го негуваа изворниот мелос и со децении го одржува богатиот фолклор, како една од најголемите традиционални вредности, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ , кој овој пат, поради пандемијата и мерките на заштита , мораше да има и редуцирани учесници, и малубројна публика.

https://www.facebook.com/100011877139813/videos/874235122982384

Токму и поради пандемијата, фестивалот наместо во почетокот на јули се одржува на 28 и на 29 август, прво во Прилеп, а синоќа , односно на втората фестивалска вечер , на Рудина, Долнени.

За да се запазат мерките, учесниците добиваа дипломи и признанија за учеството, а гран при наградата ја доби вокално-инструменталниот состав „Аманет“ од Скопје, кои настапија на првата фестивалска вечер во Прилеп. На фестивалот учество зедоа 120 изведувачи,  групи и поединци-изведувачи на гајда, кавал, зурла и тапан од повеќе градови и места од Македониа: Куманово, Неготино, Истибања, од Прилеп, од Чешиново…

Главен покровител на Фестивалот и оваа година беше  Министерството за култура и локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе