ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) ФК Младост испишува историја, мештаните го поддржуваат клубот за да опстои традицијата

1.648

Кога се негува традицијата, на радоста и нема крај , кога се продолжува фудбалската хармонија која со години претставувала предизвик на мештаните на Кривогаштани , да се носи дресот на локалниот фудбалски клуб , тогаш задоволството е  големо како фудбалскиот клуб Младост. Историја , традиција, фудбалски дожувавања кои се прераскажуваат од генерација на генерација. И денеска е така , сплотени сите во едно, во мозаикот кој опстојува и ден денес и несебично  го проткајува фудбалското знаење низ терените ширум земјава. Фудбалскиот клуб Младост од Кривогаштани настапува во третолигашкото друштво во мак фудбалот , но секогаш е во центарот на внимението кога ќе ги нагости “поголемите” на својот терен во срцето на општината. Зошто? Затоа што тогаш и таму се минутите на фудбалско докажување како  љубовта кон бубамарата. Последен на “стрелба” беше тимот на Дојранско Езеро кој загуби од Младост со резултат 2:1

Фк Младост – Дојранско Езеро 2:1/1:0  Стрелци на головите  за домаќините  – Стефан Чичоски и Мартин Богески

„Ние знаеме дека сме мал  фудбалски колектив, но со срце сме големи. Играме , вложуваме и се потпираме на поискусните и заеднички го одржуваме клубот. Дали по едно бале тутун или по една вреќа пиперки  од сите нас како помош , тоа не е важно , важно е што Младост функционира и ја има потребната традиција која ни е водилка за да издржиме и ги победуваме екипите кои ни се конкуренција,“ вели Николче Папучкоски кој е играч на Младост од Кривогаштани , клуб кој љубоморно со децении го одржува својот фудбалски ритам во пелагонискиот регион. Во продолжение и разговорот:

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: