ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени

277
По вчерашната паника која што се создаде во повеќе градови низ државата за набавка на гориво на бензинските пумпи денеска Владата излезе со соопштение во кое ги смирува граѓаните.
„Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени“, стои во соопштението во кое се наведува дека: „државата има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.
Владата воедно апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.“
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: