ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Во бојата на лавандата – за поддршка на лицата со епилепсија

717

Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца
со епилепсија во Република Македонија- ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА по петти пат го одбележа “Виолетов ден“ за поддршка на лицата со епилепсија. На настанот кој се одржа на градскиот плоштад Методија Андонов – Ченто во Прилеп , претставници од ова здружение побараа поголема поддршка од заедницата и општеството во целина поради проблемите со кои се соочуваат со дискриминацијата при вработувањето. Воедно, од здружението Епилепсија Македонија бараат лекарствата за справување со болеста да бидат на позитивната листа.
– Лекарствата не се често на позитивната листа, или се премногу скапи така што одредени лица кои што ја имаат оваа невролошка нарушеност мораат лекарствата да ги снабдат од странство, но голем дел не можат да си го дозволат тоа зашто се многу скапи. Еден апел до државата и до министерството за здравство да помогне при снабдување со потребните лекарства и да се овозможи да бидат на позитивната листа зашто се повеќе од потребни, потенцираше Симона Апостолоска.
Општина Прилеп и натаму ќе дава поддршка за поголема интеграција на лицата со епилепсија, потенцираше градоначалникот Илија Јованоски.
– Нема да дозволиме како заедница како општество лицата со епилепсија да се чувствуваат малку поинакви или понастрана од сите други граѓани во нашата заедница. Ние како локална самоуправа ќе ги поддржуваме сите невладини организации кои што ќе ги помагаме логистички и финансиски за да преку разни форми да доаѓаат до граѓаните соопштуваат и кажуваат како треба тие да се однесуваат кон лицата со епилепсија, а и на сите заболени кои што ја имаат оваа болест, да им го покажат патот како побрзо да се интергрираат во општеството, истакна градоначалникот Јованоски.

“Виолетовиот ден“ се одбележува на 26 март,секоја година на сите континенти, во повеќе од сто земји во светот и е именуван за еден од највлијателните меѓународен денови за подигање на свеста за епилепсијата. Да се одбележи денот избрана е виолетовата боја, бојата на лаванда, што е меѓународна боја за епилепсија, но тоа, исто така, поврзана е со чувството на осаменост, кои често се јавува како резултат на општествена стигматизација и изолација на луѓето со епилепсија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: