CSS Template

Во чест на Хрстовото раѓање крушевчани се подготвуваат за “Дева“, „адет„ карактеристичен само во Крушево и Витлеем

1.880
Avtokontrol1

Крушево ги прави последните подготовки за  утрешниот обичај „Дева .  Значењето на оваа традиција потекнува од православното предание за ѕвездата водилка, која ги предводела мудреците до пештерата во Витлеем откривајќи им го Христовото раѓање. Покрај во Витлеем, Израел, Крушево е единственото место во кое се одбележува обичајот „Дева“.

Според верувањето, млади момчиња шетаат по крушевските куќи со шестокрака црвена ѕвезда , витлеемската ѕвезда ,  пеејќи ја песната „Дева Деване “ и на тој начин на домаќините им го најавуваат Христовото раѓање. Домаќините во куќите ги даруваат  групите деца и црковните групи поради благата вест што ја навестуваат за претстојниот Божиќ.

Собраните средства од групата  ученици кои шетаат со ѕвездата и посебна касичка, се подаруваат на првороденото дете во градот Крушево.

Обичајот „Дева“ велат Крушевчани е стар илијадници години,  но  благодарние на младите е возобновен и денес преставува вистинска гордост на Крушевчани

И, оваа година овој обичај ќе биде во организација на учениците од СОУ „Наум Наумоски Борч„е и Локалниот Младински Совет со поддршка на Православната црква и Општина Крушево.

Во чест на празникот (од 18,оо ч) ќе биде орагнаизран и божиќниот базар на Крушевската жена, каде што посетители ќе имаат можност  да ги вкусат традиционалните божиќни колачиња на вредните крушевски жени; да си набават традиционални и еколошки производи (чај, слатко од аронија, малина, кори, тарана, ликери) и многу други вкусни специјалитети карактеристични за Крушево ,но и да го прослават доаѓањето на новото раѓање, со традиционално купувње на божиќни колачиња. Собраните средствата од базарот ќе бидат подарени, исто така,  на прво роденото дете во Крушево, на денот кога се родил и Исус Христос.

Оваа година обичајот “Дева“ органзирано, ќе се одбележува под седми пат и веќе прставуваа туристичка атракција, односно повод и причина да се посети Крушево на 5-ти јануари и да се биде дел од традицијата и најавувањето на Христовото раѓање.

Фото: Фотографиите на Сотир Маркоски , од минатогодишното одбележувае на „Дева„

 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni